Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2018

Новак и Рафа втори на теренот утре

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал утре во полуфиналето на Вимблдон по 52-ри пат во кариерата ќе играат еден против друг, а организаторите одлучија нивниот дуел да биде втор на Централниот терен.

Програмата ќе ја отворат Американецот Џон Иснер и Јужноафриканецот Кевин Андерсон, кои на теренот ќе излезат во 14 часот.
Ѓоковиќ во меѓусебните дуели води против првиот играч на светот со 26:25, а последните два меча Надал ги доби без изгубен сет – во Мадрид минатата и во Рим оваа година.
На Вимблдон се сретнаа само два пати. Новак во полуфиналето во 2007 година го предаде натпреварот со резултат 3:6, 6:1, 4:1 за Надал, додека во 2011 година Ѓоковиќ славеше во финалето со 6:4, 6:1, 1:6, 6:3.

Најнови вести