Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2018

Никола Калиниќ прогласен за најголем трагичар на СП

Популарната интернет-страница „Sportbible“ ја објави видеоприказната „Најголемиот трагичар на Светското првенство“. Главниот лик е Никола Калиниќ, а поентата на приказната е „никој денес не би сакал да биде Никола Калиниќ.

Не би можеле, но и невозможно е да се замисли како се чувствува овие дена Никола Калиниќ, легитимниот 23-ти член на екипата која се избори за финалето на Светското првенство.
Во сите натпревари на Светското првенство се води во официјалниот записник на ФИФА, па и во полуфиналето против Англија. Ќе биде и во составот за финалето со Французите.
Никола Калиниќ направи необјаснива, тотално ирационална глупост во првиот натпревар против Нигерија и го присили Златко Далиќ на изнуден, единствен можен потег од Русија да го испрати дома.
Никој не можеше да го замени, ниту некој го бришеше од составот. И Никола го чека неговиот 23-ти златен или сребрен медал за финалистите.

Најнови вести