Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2012

Хедира сепак ќе ги пропушти двата меча против Барселона

Поради оштетување на лигаментите на глуждот на десната нога, Сами Хедира, германскиот фудбалски репрезентативец во Реал Мадрид ќе мора да паузира околу еден месец.

Хедира беше принуден да го напушти теренот, со болна гримаса на лицето, во 43-тата минута од реванш-натпреварот на шпанскиот куп во гости кај Малага. Го замени неговиот репрезентативен соиграч Месут Озил. Реал Мадрид победи со 1-0, па со вкупен резултат 4-2 се пласира во четврт-финалето, во кое ќе игра против победникот од натпреварот Барселона – Осасуна. Освен во случај на првокласна сензација, тоа ќе биде Барселона, која првиот натпревар го доби со 4-0.
Дуелите во четврт-финалето на Кралскиот куп на распоредот се на 18-ти и 25-ти јануари. Речиси е сигурно дека Хедира ќе ги пропушти двата натпревари против најголемиот ривал.
„Станува збор за повреда која би можела Хедира да го оддалечи од теренот околу еден месец“, изјави клупскиот лекар Алфонсо дел Корал.
Реал Мадрид е бранителот на титулата на ова натпреварување. Минатата сезона со погодокот на Кристијано Роналдо во продолжението ја победи Барселона со 1-0.

Најнови вести