Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2012

Педро дефинитивно го пропушта Ел класико

Дваесет и четиригодишниот напаѓач Педро Родригес, кој се повреди во текот на возвратниот дуел со Осасуна од Кралскиот куп, во четвртокот, без сомнение, ќе ги пропушти трите наредни натпревари на Барселона.

Тој го повреди бутниот мускул на левата нога, поради што репрезентативецот на Шпанија ќе мора да мирува најмалку две седмици, покажаа последните тестови.

Тоа ќе значи дека тој ќе ги пропушти првенствените натпревари против Бетис и Малага, како и првиот четврт-финален натпревар од Кралскиот куп против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Оваа сезона Педро на деветнаесет настапи во сите конкуренции успеа шестпати да се запише во листата на стрелците.

Најнови вести