Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Серхио Бускетс верен на Барселона до 2021 година

Заменик-капитенот на „каталонците“ добива поголема плата

Серхио Бускетс и Барселона ја продолжија соработката до 2021 година. Новиот заменик-капитен на шпанскиот првак добива поголема плата и со тоа станува втор најплатен играч во тимот, зад Лео Меси, но, рамо до рамо со Пике, Суарес и Кутињо.

Неговата клаузула и понатаму ќе вреди 200 милиони евра, додека Бускетс ќе има можност да го продолжи договорот на уште две дополнителни години.

Бускетс потекнува од академијата на Барселона и е еден од најзначајните играчи на клубот. Во дресот на каталонскиот гигант ќе ја игра десеттата сезона во кариерата, а досега настапил на 484 натпревари.

Најнови вести