Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Алексеј Швед одбил четири НБА-франшизи за да остане во Химки

Најплатениот кошаркар во Европа ги одбил американските долари

Ѕвездата на Химки, Алексеј Швед, летово одбил дури четири НБА-екипи со цел да остане во тимот од Москва. Агентот на Русинот посочи дека Њу Орлеанс пеликанс, Мемфис гризлис, Феникс санс, како и неговиот поранешен тим Минесота тимбервулвс, се интересирале за услугите на најплатениот кошаркар во Европа.

Најдобрата понуда била висока четири милиони американски долари, додека останатите биле минимални едногодишни договори.


„Генералните менаџери на франшизите од НБА треба да знаат дека Алексеј нема никому да се докажува, тој е веќе играч од светска класа. Докажа дека може да игра во странство, во сезоната 2014/15 тој имаше просек од 15 поени по натпревар во дресот на Њујорк никс. Во Европа несомнено е најдобриот поентер, затоа и е најплатен од сите останати. Понудите од НБА треба да бидат двојно поголеми од сумата што ја заработува во Химки“, истакна неговиот агент, Обрад Фимич.


 

Најнови вести