Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Божинов раскина со Риека

Бугарскиот интернационалец е пред преселба во Ботев Враца

Искусниот 32-годишен напаѓач Валери Божинов е пред договор со Ботев од Враца. Бугарскиот интернационалец незадоволен од минутажата која ја добивал од тренерот Матјаж Кек, го раскина договорот со Риека, клубот чиј член беше само неколку месеци, и според шпекулациите, веќе си подал рака со градоначалникот на Враца, Калин Каменов, кој е претседател на Ботев. 

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Риека што бев нејзин член. Очекував да играм повеќе, тоа е причината зошто си одам. Во добра форма сум, играв на контролите, и иако приоритет ми е да останам во странство. Не негирам дека телефонски разговарав со градоначалникот на Враца. Одлично го познавам тимот на Ботев, но не можам да кажам дали ќе потпишам за нив“, изјави Божинката, како што нагалено го нарекуваат нашите источни соседи. 

Божинов од февруари досега имаше само два официјални настапи за Риека (по еден во Лигата и во Купот на Хрватска). Тој во кариерата играл за: Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер сити, Парма, Спортинг, Верона, Виченца, Левски, Тернано, Партизан, Хака, Лозана и Ријека.