Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Во Реал не жалат по Роналдо

И без Кристијано на теренот, Кралскиот клуб победи на отворањето во Примера дивисион

Марко Асенсио треба да биде еден од играчите кои може да се промовира во нов лидер на Реал Мадрид. По заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал е без вистински лидер, но тоа не беше проблем мадридскиот гигант да слави во првото коло од новата сезона во Примера дивисион против Хетафе со 2-0. 
Даниел Карвахал и Герет Бејл беа стрелци на погодоците за три бода и радост на тимот од „Сантијаго Бернабеу“. 
„Беше многу важно да стартуваме добро и да победиме. Започнавме да се движиме по вистинскиот пат и така треба да продолжиме. Кристијано Роналдо си замина, но ние и понатаму имаме добар тим. Работиме напорно. Шампионатот само што започна и мора да играме на високо ниво на секој нареден меч“, рече Асенсио. 

 

Најнови вести