Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Клупата на Барселона вреди 300 милиони евра

Каталонскиот гигант веќе освои еден трофеј сезонава, тој во Суперкупот на Шпанија

Актуелниот шпански првак одлично ја започна сезоната. Тимот на Ернесто Валверде триумфираше во Суперкупот на Шпанија победувајќи ја Севилја со 2-1, а потоа и на отворањето во Примера со 3-0 го победи Алавес. 
Минатата сезона Барселона се радуваше на трофејот во првенството, но поради слабата клупа и недоволно квалитетните резервни играчи, не успеа во обидот да се радува и во Лигата на шампионите.
Барселона летово сакаше да го доведе Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид, но откакo не успеа, реши да потроши пари на неколку играчи. Квалитетот во Барселона е очигледен и сите играчи се борат за место во стартниот состав. 
На дуелот против Алавес на клупата на Каталонците имаше играчи кои вкупно вредат 300 милиони евра. Резерви беа Силесен (14 милиони евра), Артуро Видал (18), Артур (31), Ленглет (36), Малком (41) и Кутињо (160).

 

Најнови вести