Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Се најде јунак да го купи Кариус

Голманот кој се посрамоти во финалето од ЛШ оди во нов клуб

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, е пред заминување од „Енфилд роуд“. Чуварот на мрежата кој се посрамоти во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, најверојатно, во новата сезона ќе игра за турскиот гигант Бешикташ. 
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а според најавите, се работи за двегодишна позајмица вредна 2,25 милиони фунти, со можност таа сума да се зголеми на 7,25 милиони фунти, во зависност од играта и успехот што ќе го постигне. 
Бешикташ летово бараше голман откако од клубот си замина Фабри, кој потпиша за Фулам во летниот преоден рок. Кариус за Ливерпул бранеше на 49 меча, но неславно заврши откако во финалето на Лигата на шампионите директно беше виновен за два од трите погодоци на Кралскиот клуб. Сега во Бешикташ ќе има можност да покаже дека тоа било само лош ден и дека, сепак, е квалитетен чувар на мрежата. 

 

Најнови вести