Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Трета среќа за Ѓорческа во Њујорк, со тешка задача на стартот

Американката Лорен Дејвис ќе ѝ биде прва ривалка на нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа во нејзиниот трет настап на американскиот Гренд слем турнир во Њујорк.

Лина Ѓорческа немаше многу среќа со ждрепката на последниот Гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД во Њујорк, и ќе мора да приреди изненадување против Лорен Дејвис ако сака да мине понатаму.
Дејвис е апсолутна фаворитка, најдобриот ранкинг и е 26-то место на светот, а моментно е на 200-тата позиција на ВТА листата. Лина е 600-та на светот, а по третпат ќе се обиде да го мине првото квалификациско коло на престижниот турнир во Њујорк.
Најдалеку досега на Гренд слем турнирите нашата тенисерка стаса во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија лани, кога играше во третото квалификациско коло.

Најнови вести