Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2012

Пинто ќе брани за Барселона против Реал

Пеп Гвардиола, тренерот на Барселона, потврди дека вечерва на голот на каталонскиот клуб во новиот голем судир против Реал Мадрид ќе биде резервниот голман Хосе Мануел Пинто, а не вообичаено првиот избор Виктор Валдес.

Пинто оваа сезона бранеше во сите досегашни натпревари на Барселона во шпанскиот Кралски куп (двапати против Хоспиталет и двапати против Осасуна), а серијата, очигледно, ќе ја продолжи и против Реал на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот дуел на четврт-финалето.
„Одлучив да брани Пинто. Тој е неверојатен голман и мислам дека луѓето коишто го познаваат ни малку не се сомневаат во тоа. Сите што го гледаа во акција во последните неколку години можеа да се уверат дека секогаш игра на многу високо ниво“, ја образложи Гвардиола својата одлука да го награди 37-годишниот чувар на мрежата, кој неодамна договори продолжување на соработката со Барселона уште на една сезона.

Најнови вести