Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Играчот на Ајакс по една година се разбуди од кома

Абделхак Нури беше еден од најталентираните играчи на холандскиот тим

По повеќе од една година помината во кома, некогашниот голем талент на Ајакс, Абделхак Нури се разбуди. Нури, кој има 20 години, се чувствува многу подобро. Тој дури ги препознал своите најблиски и комуницирал со нив. Се очекува во следниот период неговата состојба уште повеќе да се подобри. 
Нури ненадејно колабираше минатото лето за време на еден пријателски меч меѓу Ајакс и Вердер. Тој беше голем талент и играч кој требаше да дебитира во првиот тим на холандскиот гигант. Сепак, на кобниот меч Нури се онесвести и заврши во болница. 
Иако тогаш првичните прогнози беа дека не е ништо страшно, подоцна беше констатирано дека сепак се здобил со тешки оштетувања на мозокот. Нури колабирал поради срцева аритмија и никогаш повеќе нема да функционира како порано. 
Навивачите на Ајакс постојано даваа поддршка за семејството на Нури и веруваа во младиот играч, за кого кариерата е завршена од кобниот момент. Сепак, денеска се случи една одлична вест и Нури повторно е буден и разговара со своите најблиски. 

 

Најнови вести