Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Дејвид Бекам ќе ја добие претседателската награда на УЕФА

Популарниот Бекс неизмерно придонесува во развојот на најпопуларниот спорт на планетава

Поранешниот капитен на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам, ќе добие награда од страна на УЕФА за придонесување во развојот на фудбалот во секој „агол од светот“, како и за неговите успеси како фудбалер.

Престижната награда ќе му ја додели првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, кој истакна дека Бекам е икона на неговата генерација.

„Претсетаделската награда се доделува за исклучителни достигнувања, Бекам е еден од тие луѓе кои стојат на врвот во фудбалот. Тој е глобален амбасадор на фудбалот, неговата неуморна хуманитарна работа секојдневно придонесува. Вистинска икона на овој спорт“, истакна Чеферин.

Бекам во кариерата, покрај Манчестер јунајтед, играл и за Реал Мадрид, ЛА галакси, Милан, ПСЖ. Кариерата ја заврши со 762 настапи за сите клубови и за репрезентацијата, додека освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купови, еднаш Лига на шампионите, една титула со Реал Мадрид.

По завршување на фудбалската кариера, Англичанецот во континуитет учествуваше во повеќе акции од хуманитарен аспект, заедно со УЕФА и ФИФА. Од неодамна стана и сопственик на фудбалски клуб во САД кој во иднина ќе се натпреварува во МЛС-лигата.

Наградата ќе му биде доделена во Монако кон крајот на годинава.


 

Најнови вести