Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Се повреди Браво, Сити без „бекап“ голман

Пеп Гвардиола во проблеми со повредите, резервниот голман Браво најверојатно во „аут“ до крајот на сезоната




Англискиот шампион Манчестер сити се соочува со големи проблеми на голманската позиција откако резервниот голман Клаудио Браво ја повредил Ахиловата тетива за време тимскиот тренинг. Триесет и петгодишниот Чилеанец веднаш бил пренесен во болница, а според првите прегледи, се работи за сериозна повреда која ќе го тргне од терените цели девет месеци, односно до крајот на оваа сезона.

Претходно, на тримесечна пауза поради повреда замина Кевин Де Бројне, а сега дополнителна главоболка е што „граѓаните“ немаат квалитетна резезрвна опција за Едерсон. Затоа шпанскиот стратег ќе мора да се потпре на младинец од академијата, поточно дваесетгодишниот Даниел Гримшоу.

Најнови вести