Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Барселона ќе го овековечи дресот на Наваро

Дресот со број 11 заминува во легендите на Барселона, во чест на „Ла Бомба“

Раководството на Барселона планира свечена премиера за „пензионирање“ на дресот кој го носеше Хуан Карлос Наваро во клубот. Двете единици ќе висат под плафонот во арената на Блауграната, во чест на шпанскиот кошаркар кој неодамна одлучи да стави крај на професионалната кариера.

Церемонијата ќе се одржи на 30ти септември, пред премиерниот меч против Гран Канарија во новата сезона во АЦБ-лигата. Во текот на неделава ќе се одржи и прес-конференција, која ќе го потврди овој чин, а ќе присуствуваат Наваро и претседателот на клубот, Хосеп Марија Бартомеу.

Наваро одлучи да се пензионира на почетокот од овој месец, оставајќи ја зад себе кариерата која ја започна од 1997 година и траеше речиси три децении. Шпанецот важи за можеби најдобриот играч кој го носел дресот на каталонската екипа, освојувајќи бројни награди со клубот, но и со репрезентацијата на Шпанија.

Најнови вести