Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2018

Гвардиола најави дека ќе се врати во Барселона

Пеп вели дека крајот од тренерската кариера ќе се врати на „Камп Ноу“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека сака тренерската кариера да ја заврши на истото место каде што започна, а тоа е Барселона. Гвардиола ја започна тренерската кариера на како предводник на тимот од „Камп Ноу“ во 2008 година и таму остана до 2012 година. 
„Ќе ја завршам тренерската кариера на местото каде што се започна за мене, а тоа е во Барселона. Се надевам дека последните чекори како тренер ќе ми бидат на „Камп Ноу“. За начинот на кој ги водам тимовите можам да кажам дека каде и да бидам тренер, стилот на игра ќе биде тој“, вели Гвардиола. 
Под водство на Гвардиола каталонскиот гигант освои дури 14 трофеи во сите најважни натпреварувања и покажа дека е еден од најдобрите стратези во светот. По Барселона, Пеп три години беше на чело на Баерн Минхен, а сега со Манчестер Сити е актуелен првак на Англија. 

 

Најнови вести