Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2018

Шпанската лига ѝ даде предност на Барселона пред Реал Мадрид

Каталонскиот гигант ќе може да потроши повеќе пари за плати.

Актуелниот шпански првак Барселона доби предност во однос на Реал Мадрид, кога се работи за трошење пари за плати. Според пресметките кои ги направија од шпанската лига, Барселона ќе може да си дозволи да потроши 632.971 евра за плати, додека за таа цел на Реал му се дозволени 66,5 милиони евра помалку, односно Кралскиот клуб има дозволен буџет од 566.530 милиони евра.
Интересно е што далеку зад двата најголеми клуба во Шпанија, на третото место е Атлетико Мадрид, кој има дозволен буџет за плати од 293 милиони евра. Оваа сума е драстично помала од таа на Барселона и на Реал, но Атлетико и покрај тоа, веќе неколку години е вистински ривал во трката за трофејот во Примера дивисион.
Кога се зборува за финансии одвоени за плати, се мисли на парите кои се даваат за фудбалерите, техничкиот персонал во клубот, како и расходите кои се поврзани со Академијата на клубот.
Со буџет за плати од повеќе од 100 милиони евра може да се пофалат само уште три  клубови. Валенсија може да потроши 164.684 милиони евра, а потоа следуваат Севилја (162.783) и Вилјареал со 109.126 милиони евра за плати.

Најнови вести