Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2018

Роналдо: Бев под притисок, со нетрпение го чекав првиот гол

Кристијано Роналдо по три натпревари, конечно го прослави дебитантскиот погодок за Јуве, односно постигна два со кои „старата дама“ го совлада Сасуоло.

Најскапото засилување во историјата на Јувентус, Кристијано Роналдо, вчера конечно го проби мразот и постигна два гола за својот нов тим и практично ја донесе победата над Сасуоло.

На петкратниот освојувач на Златната топка му беа потребни 28 удари кон голот и 320 минути за дебитантски погодок, па по мечот истакна дека поради тоа што бил напнат, му било потребно толку време за нешто што редовно го правеше во дресот на Реал.

„Ова е фудбал, најважно е тимот да победува. Бев напнат откако го напуштив Реал, дополнителна нервоза ме притискаше и тоа што немав дадено гол, од мене се очекува многу, па сакам да ги оправдам тие очекувања. Благодарение на моите соиграчи, успеав да погодам, но повеќе ми е мило што придонесов за победата“, истакна Роналдо по мечот со Сасуоло, во кој Јуве триумфираше со 2-1.

Најнови вести