Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2018

Икер Касилјас 20 сезони по ред во ЛШ

Легендата Касилјас е рекордер по бројот на одиграни мечеви (167) во елитното натпреварување

Шпанскиот голман Икер Касилјас, кој брани за Порто, вечерва на гостувањето кај Шалке ја почнува својата 20-та сезона во Лигата на шампионите. Легендарниот Сан Икер се изедначува со Рајан Гигс како единствени што две децении играле во елитното фудбалско натпреварување.

Касилјас првпат беше повикан во составот на Реал Мадрид за меч од ЛШ кога имаше 16 години (во ноември 1997, на гостувањето кај Розенборг). Дебито го имаше против Олимпијакос на 15-ти септември 1999 во Атина.

Својата прва титула ја освои во 2000 година, кога Реал во финалето ја совлада Валенсија. Потоа Икер беше еден од јунаците во триумфот на Реал во финалето во 2002 година, кога влезе како резерва на местото на повредениот Сезар и имаше неколку чудесни одбрани. Последната европска титула ја зеде во 2014, кога како капитен го крена победничкиот пехар. Од 2015 е во Порто.



ОВАА СЕЗОНА Е ЕДНА ОД НАЈСИЛНИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА СПОРЕД ИМИЊАТА

Во оваа сезона ќе настапат рекорден број освојувачи на престижниот трофеј.  Меѓу 32 екипи има 47 освојувачи, најмногу има Реал Мадрид, 13 титули, додека вториот тим не е ни приближно до бројката од Кралевите, а следуваат Баерн Минхен, Барселона и Ливерпул со по пет титули. Три клуба се дебитанти (Црвена ѕвезда, Хофенхајм и Јанг бојс).

Реал се споменува уште во неколку други листи на рекорди. Тие се меѓу најредовните учесници во овој дел од натпреварувањето, по 23-ти пат ќе настапат во групната фаза, исто колку и Барса и Порто, а дури 22 пати успевале да се пласираат во нокаут-фазата, односно 21 пат во низа. Кралевите, исто така, ги држат рекордите за најмногу голови (321) и најмногу бодови (285).

Македонија е меѓу 22-те земји во Европа кои никогаш немале свој тим во групите од ЛШ. Од околните земји, тим во ЛШ немале ниту БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово.

Најнови вести