Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2018

Англиски нисколигаш растура со продажба на дресови во Шпанија

Никсолигашот Клаптон реализира супер идеа и си ги продава дресовите и тоа одлично во Шпанија

Тазе формираниот англиски клуб Клаптон ЦФЦ погоди во целта со изборот на дресовите, а продажбата им оди одлично и тоа во Шпанија.
Симболот на клубот е борбата на шпанските Републиканци против диктаторот Франко во шпанската граѓанска војна, а тоа допре до Иберискиот полуостров и оттаму стаса нарачка на над 5 илјади дресови на Клаптон.
Интересно е што раководството на Клаптон беше изненадено од големината на порачките, па сега не прима повеќе побарувања за дресовите на клубот.
Заработката досега им е околу 60 илјади фунти, што е одлична сума за тазе формиран клуб од пониските лиги во Англија.

Најнови вести