Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2012

Лотина нов тренер на Вилјареал

Мигел Анхел Лотина е новиот тренер на Вилјареал, денес објавија од клубот, кој доаѓа на местото на Хосе Молина по неполни дваесет и четири часа откако е сменет од позицијата.

Вилјареал вчера, во дваесет и осмото коло од Примера лигата беше поразен од Леванте, а тоа му беше трет пораз по ред, а сезонава изброја дури дванаесет.
Лотина е поранешен тренер на Осасуна, Селта, Еспањол и Реал Сосиедад, а без работа остана минатото лето, кога ја напушти клупата на Ла Коруња.
За „жолтата подморница“, која никако да излезе на површината, ова е трет овосезонски тренер, по Хуан Карлос Гаридо и Молина, а Лотина своето деби на клупата на Вилјареал ќе го има уште во среда, кога го пречекуваат Реал Мадрид.

Најнови вести