Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2012

Осасуна без тренер во следните два натпревари

Хозе Луис Мендилибар, тренерот на шпанскиот шампион Осасуна, е суспендиран на два натпревари од страна на натпреварувачката комисија на Шпанската фудбалска федерацока поради исклучување за време на натпреварот со Реал Мадрид.

„Хозе Луис Мендилибар е исклучен бидејќи протестираше на одлуката на судијата, излезе од својот тренерски простор и со раце го гестикулираше своето несогласување“, стои во извештајот на Федерацијата.
Тренерот на Осасуна мораше да го напушти теренот по десет минути од натпреварот, во моментот кога неговиот тим веќе губеше со 1-0. Екипата до крајот прими уште четири голови, а постигна само еден.
Осасуна во сабота, во 32-то коло на Примера лигата гостува кај Рајо Валјекано, а потоа на домашен терен го пречекува Еспањол.

Најнови вести