Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2013

Роналдо ќе ја пропушти Осасуна поради жолти картони

Поради насобраните жолти картони, Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер и стрелец на Реал Мадрид, ќе го пропушти гостувањето од 19-тото коло на Примера лигата кај Осасуна, кое на распоредот е следниот викенд.

Против Реал Сосиедад, во домашната победа од 4-3, Роналдо постигна два гола, но воедно доби и жолт картон. Тоа му беше петти жолт картон оваа сезона, што ќе биде услов поради акумулираните картони за прв пат да пропушти некој натпревар по трансферот во Реал.
Интересно е според „Марка“ што Роналдо заработи суспензија по првиот натпревар во кој ја носеше капитенската лента на клубот од Мадрид.
Среќа за Реал е што без Роналдо ќе игра против последнопласираната екипа на Примера лигата, која барем на хартија изгледа како лесен соперник.

Најнови вести