Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2013

Гранада го отпушти тренерот

Шпанскиот фудбалски прволигаш Гранада го отпушти тренерот Хуан Антонио Анкела поради серијата лоши резултати.

„Утрово ја донесовме оваа одлука и сега забрзано работиме на пронаоѓањето нов шеф на стручниот штаб“, се наведува во соопштението на шпанскиот клуб.
Екипата на Гранада моментно го зазема 17-тото место на табелата на Примера лигата, со два бода повеќе од Осасуна, која е во зоната на испаѓање.
Анкела на клупата на Гранада дојде во јуни 2012 година, а претходно работеше за третолигашот Алкоркон. Фудбалерите на Гранада во следниот првенствен натпревар во сабота го дочекуваат Реал Мадрид.

Најнови вести