Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2013

Валенсија две седмици без Каналес

Серхио Каналес, фудбалерот за врска на шпанскиот прволигаш Валенсија, претрпе микро-руптура на бутниот мускул на левата нога, па од теренот ќе отсуствува две седмици.

Младиот 22-годишен играч на „лилјаците“ минатата сабота, во средбата против Малага (победа од 5-1), го напушти теренот со куцање, а лекарите вчера потврдија дека станува збор за мало кинење на влакната во бутниот мускул на левата нога.
Досегашната кратка кариера на поранешниот играч на Реал Мадрид ја обележаа повреди, а пред споменатата, на Каналес му беа извршени две операции на лигаментите на коленото.
Каналес, кој оваа сезона настапи само на десет натпревари и постигна два погодоци во Примера лигата, ќе ги пропушти лигашките средби против Реал Сосиедад и Осасуна.

Најнови вести