Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2013

Атлетико го продолжи договорот со Хуанфран

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид на својата официјална интернет-страница објави дека ја продолжи соработката со својот одбранбен играч Хуанфран до летото 2017 година.

Дваесет и осумгодишниот Хуанфран е производ на јуниорскиот погон на Реал Мадрид, а во Атлетико стигна зимата 2011 година од Осасуна. Оттогаш настапи во 79 натпревари за „јорганџиите“ и притоа постигна два погодоци.
Во сезона и пол со Атлетико ги освои: Лигата на Европа, Суперкупот на Европа и шпанскиот Кралски куп. За Шпанија дебитираше во мај 2012 година против Србија и беше дел од репрезентацијата која ја освои шампионската титула на Европското првенство во Украина и Полска.

Најнови вести