Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2013

Иниеста со дриблинг му ги скина лигаментите на Сисињо

Осасуна со ремито без голови ја прекина низата на Барселона од 64 натпревари на кои постигнала барем еден погодок, но Сисињо ќе сака таа средба да ја заборави што побрзо.

Играчот на домашната екипа ги скина вкрстените лигаменти на коленото и го чека пауза од најмалку шест месеци.
 Самата повреда не би била премногу чудна, ако Андрес Иниеста не го повредеше без контакт. Луцидниот Шпанец се најде во сендвич на средината на теренот, но со одличен дриблинг успеа да ги измами двајцата одбранбени играчи. Најлошо помина всушност Сисињо, кој веќе беше на топката. 

Најнови вести