Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2014

Осасуна и Валјадолид останаа без тренер

Фудбалските клубови Осасуна и Валјадолид објавија дека останаа без тренер откако испаднаа од Примера лигата по расплетот во последното коло.

Хави Гарсија, досегашниот тренер на Осасуна, објави дека одлучил да го напушти клубот по состанокот со претседателот.
„По состанокот со претседателот, одлучив да одам. Би сакал да останам овде до крајот на животот, но околностите се такви што тоа не би било добро ниту за клубот ниту за мене“, изјави Гарсија на конференција за медиумите.
Од друга страна, Валјадолид на својата официјална интернет-страница објави дека во договорот на Хуан Игнасио Мартинез имало клаузула според која автоматски ќе биде раскинат во случај на елиминација од елитното друштво.

Најнови вести