Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2015

Кајл Нотон од Тотенхем прејде во Свонси

Свонси вчера значително ја засили својата одбранбена линија со доведувањето на Кајл Нотон.

Неодамнешниот играч на Тотенхем потпиша три и пол годишен договор со „лебедите“.
Нотон го носеше дресот на тимот од Лондон во претходните пет и пол сезони и одигра вкупно 74 натпревари за Тотенхем.
Тој е трето засилување на Свонси во зимскиот преоден рок, по Нелсон Оливеира и Мет Грајмс.
Овој 26-годишен десен бек за својот нов клуб би можело да дебитира утре, на натпреварот од ФА купот со Блекбурн.


Најнови вести