Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2015

Гоми колабираше на „Вајт харт лејн“

Бафетимби Гоми, напаѓачот на Свонси, колабираше во осмата минута од натпреварот со Тотенхем во Лондон.

Францускиот фудбалер едноставно се сруши на теренот на „Вајт харт лејн“, а откако доби кислород, во свесна состојба беше префрлен во болница.
Ова не е прв пат да му се случува на Гоми, тој и како играч на Олимпик од Лион неколку пати колабираше на теренот.
„Не е прв пат, но секогаш е многу загрижувачко за играчите и за сите на стадионот. Сите малку се исплашивме, но најважно е дека на Бафа сега му е подобро и се надевам дека брзо ќе се врати во игра“, изјави Уго Љорис, голманот на Тотенхем, кој своевремено беше соиграч со Гоми на „Жерлан“.
Овој инцидент потсетува на Фабрис Муамба, кој во март 2012 година доживеа срцев удар во текот на натпревар од Премиер лигата. Тој неколку месеци подоцна ја заврши кариерата.

Најнови вести