Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2015

Венгер: Свонси не сакаше да се надигрува

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека е разочаран од начинот на којшто играл противникот по поразот од 1-0 од Свонси во 36-тото коло на Премиер лигата.

„Немавме среќа против тимот кој одбиваше да игра и дојде само да се брани. Играа со четворица во одбраната и со шестмина во средината на теренот. Ако победиш, тогаш си фантастичен, ако изгубиш, тогаш те прашуваат зошто не си играл. Тие победија, така што се фантастични“, изјави Венгер.
Гери Монк, менаџерот на Свонси, изјави дека не се согласува со обвинувањата на колегата.
„Имавме натпревари во коишто доминиравме и победивме, но и вакви, каде што планот беше малку да препуштиме да ја поседуваат топката. Идејата беше до последните 20 минути да дојдеме со активен резултат, да направиме измени и да се надеваме на гол од контра, што и се случи. Ако не игравме, како зедовме три бодови“, изјави Монк.
На две кола до крајот, Арсенал се наоѓа на третото место на табелата со 70 бодови, додека Свонси е на осмата позиција со 56 освоени бодови. Постои теоретска шанса „лебедите“ да дојдат и до место во Лигата на Европа.

Најнови вести