Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2015

Андре Ају ќе игра во Свонси

Андре Ају, фудбалскиот репрезентативец на Гана, потпиша четиригодишен договор со Свонси, соопшти вчера премиерлигашот од Велс.

Ају отиде во Свонси како слободен играч од Марсеј.
Тој минатата сезона на 29 натпревари постигна десет голови и му помогна на тимот од „Велодром“ да се пласира на четвртото место во Лига 1.
За репрезентацијата на Гана забележа 62 настапи и 11 пати се запиша во листата на стрелците.
Ају е син на легендарниот фудбалер Абеди Пеле, а во 2011 година беше прогласен за најдобар играч на Африка во изборот на Би-би-си.

Најнови вести