Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2015

Џордан Ају е замената за Бентеке во Астон вила

Џордан Ају, фудбалскиот репрезентативец на Гана и досегашен член на Лориен, потпиша петгодишен договор со Астон вила, соопшти англискиот премиерлигаш.

Тим Шервуд, менаџерот на англискиот клуб, изјави дека Ају е фантастичен млад играч кој совршено ќе се вклопи во Премиер лигата.
Фудбалерот од Гана е шесто засилување на Вила и ќе го замени Белгиецот Кристијан Бентеке, кој минатата седмица направи трансфер во Ливерпул.
Не е прецизирано за колкава сума 23-годишниот напаѓач направи трансфер во Астон вила.
Ају пред Лориен, играше за Марсеј и Сошо, а за репрезентацијата на Гана од 2010 година на 28 натпревари постигна осум голови.

Најнови вести