Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2015

Адебајор пред трансфер во Астон вила

Емануел Адебајор, фудбалерот на Тотенхем, е на чекор од трансфер во Астон вила, пренесоа британските медиуми.

Како што се наведува, Адебајор вчерашниот ден го поминал во тренинг-центарот на Астон вила, каде што разговарал за личните услови на трансферот и би требало да ги направи лекарските прегледи.
Се очекува дека Адебајор во Астон вила ќе игра на заем до крајот на сезоната и со тоа повторно ќе соработува со тренерот Тим Шервуд. Тие заедно беа во Тотенхем, во сезоната 2013/14, во текот на која напаѓачот на Того постигна 14 голови во 25 натпревари.
На Астон вила ѝ е потребен напаѓач, откако ова лето на Ливерпул му го продаде Кристијан Бентеке.

Најнови вести