Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2015

Сити 124 милиони во минус, заработи само Саутхемптон

Премиерлигашите и ова лето најмногу учествуваа во преодниот рок, свртија рекордни 1,25 милијарди фунти (1,7 милијарди евра).

Најмногу купуваше Манчестер сити, потроши 153 милиони фунти, а сметајќи ги и продажбите, во минус е дури 124,4 милиони.
Повеќе од сто милиони на засилувања потроши само неговиот градски ривал Манчестер јунајтед (108), но „црвените ѓаволи“ и продаваа добро, па се во минус само 33,6 милиони фунти.
Од конкурентите за титулата пари не трошеше само Арсенал, кој го доведе само Петр Чех за десет милиони, но и ништо не продаде.
Ливерпул купи неколку играчи за 78 милиони фунти, но и го продаде Стерлинг во рекорден трансфер, па во минус е само 10 милиони.
Шампионот Челзи сврти околу сто милиони, а единствен клуб кој работеше во плус е Саутхемптон, кој заработи 800.000 фунти.
Најмалку пари потроши Свонси – 9,5 милиони.

Најнови вести