Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2015

Канонада на Левандовски – пет голови за девет минути!

Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен, го воодушеви фудбалскиот свет откако против Волфсбург постигна пет голови само за девет минути!

Гостите на „Алијанц арената“ водеа на полувремето со голот на Калиџури во 26-тата минута, а потоа следуваше канонада на полскиот играч, кој на полувремето го замени Тијаго Алкантара.
Првиот гол го постигна во 52-рата минута, а веќе во следниот напад донесе пресврт. Не беше тука крајот, Баерн продолжи да го совладува ривалот, па Левандовски постигна уште три брзи голови, во 55-тата, во 57-мата и во 60-тата минута од натпреварот.
Во продолжението на натпреварот Левандовски имаше уште неколку шанси, но до крајот резултатот остана 5-1.
Полскиот напаѓач во досегашниот тек на Бундеслигата, заедно со овие пет голови, беше осум пати стрелец на пет натпревари.
Тој стана играч кој најбрзо стигнал до пет постигнати голови во историјата на Бундеслигата и единствен кој постигнал пет погодоци како замена.


Најнови вести