Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2015

Астон вила го отпушти Шервуд

Астон вила го отпушти менаџерот Тим Шервуд поради лошите резултати, пренесе Би-би-си.

Шервуд доби отказ по осум месеци откако го презеде кормилото на клубот од Бирмингем.
Астон вила во саботата го претрпе шестиот последователен пораз во Премиер лигата – против Свонси со резултат 2-1.
Привремено улогата менаџер му е доверена на досегашниот шеф на стручниот штаб на младиот тим, Кевин Мекдоналд.
Шервуд, кој ја презеде Астон вила во февруари, го доведе тимот до финалето на ФА купот, но оваа сезона забележа само една победа во десет натпревари.

Најнови вести