Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2015

Ван Хал: Повторно немавме среќа

Луис ван Хал, менаџерот на Манчестер јунајтед, по елиминацијата во четвртата рунда од Лига купот, изјави дека неговиот тим мора да ја поправи реализацијата.

Јунајтед одигра 0-0 со Мидлсборо и потоа испадна на пеналите.
„Многу сме разочарани. Можевме лесно да искористиме некоја од шансите, но не успеавме во тоа. Мораме да го решиме тој проблем, и против Сити имавме повеќе шанси. Тоа е малку фрустрирачки бидејќи не беше само еден играч кој не ги погодуваше пеналите, туку повеќемина од нив“, изјави холандскиот стручњак.
„Минатата година уште порано испаднавме од Лига купот. Сега моравме да победиме, но немавме среќа. Од друга страна, и среќата мораш да ја натераш да работи за тебе, ја немавме ниту против Сити, а не можам секоја седмица да кажувам дека немавме среќа“, додаде менаџерот на Јунајтед.
И покрај тоа, Холанѓанецот изјави дека не е сè така црно.
„Имаше неколку играчи со чии партии сум задоволен и горд сум на тоа. Но, од некои фудбалери сум и разочаран, но тоа е животот на менаџерот“, изјави Ван Хал.

Најнови вести