Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2015

„Граѓаните“ на гости кај „старата дама“, Ибра се враќа дома

Реал со евентуален триумф би го потврдил првото место во групата А, но Украинците само со победа можат да останат во игра, па на „кралевите“ нема да им биде лесно, посебно не по поразот што го доживеаја на „Ел класико“.

„Имаме должност кон навивачите да освоиме три бода“, изјави тренерот на Реал, Рафаел Бенитес.
ПСЖ му гостува на Малме, а домаќинот подготвува фешта за најголемата легенда на локалниот клуб, Златан Ибрахимовиќ.
„Совршено би било кога би постигнале три гола, да победиме, а навивачите да го извикуваат моето име. Ова ќе биде посебна вечер“, изјави Ибрахимовиќ кој организираше гледање на натпреварот и на градскиот плоштад во својот роден град.
Во групата Б сите четири екипи се во игра за осминафиналето, а Јунајтед има меч топка против ПСВ на „Олд Трафорд“. Луис ван Хал одлично ги познава своите сонародници, инсајдер би требало да биде досегашниот играч од тимот Ајндховен , Мемфис Депај, кој минатиов викенд го постигна првиот гол за „црвените ѓаволи“.
„Оваа недела нè чекаат две големи задачи во Лигата на шампионите и во Премиер лигата.  Можеме да направиме голем чекор кон освојувањето на првото место во групата во Лигата на шампионите, со победата против Лестер можеме да го заземеме и првото место во Премиер лигата, но ќе одиме чекор по чекор“, рече Хуан Мата.
ЦСКА е во криза со резултатите, поразена е во последните два натпревари во руската Премиер лига, а го чека одличниот Волфсбург, уште еден кикс и може да ги остави без Европа по продолжението од сезоната.
Дербито на денот се игра во Торино во групата Д, Јувентус  ќе го пречека Сити во борбата за прво место. Двата тима веројатно ќе се задоволат и со бод, бидејќи со тој бод одат во осминафиналето, но таму е многу важно да се избегне потежок противник од другата група.
„Повеќе би сакал Сити мирно да влезе на натпреварот. Тие имаат талентирана екипа и можеби би ни било полесно да дојдат опуштени во Торино. Мораме да одиграме одличен натпревар бидејќи сакаме пласман во осминафиналето“, изјави капитенот на Јувентус , Џорџо Кјелини.
Во меѓувреме, Борусија и Севилја ќе се борат за опстанок. Поразените веројатно ќе ја завршат сезоната во Европа, а победникот ќе има шанса да се надева на осминафиналето во Лигата на шампионите, во случај ако Сити извојува победа во Торино.

Најнови вести