Корисничко име Лозинка Пријави се
08.12.2015

Трилер финиш во групата Б

Денес и утре на програмата е последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, девет клубови се изборија во осмина финалето, за останатите седум позиции се натпреваруваат тринаесет екипи.

Својата работа ја завршија Реал Мадрид, ПСЖ, Бенфика, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Барселона, Баерн Минхен и Зенит.
Во конкуренција се сè уште Волсбург, Манчестер јунајтед, ПСВ, Рома, Баер Леверкузен, БАТЕ Борисов, Олимпијакос, Арсенал, Челзи, Порто, Динамо Киев, Гент и Валенсија.
Денес на програмата се натпреварите во Лисабон, Истанбул, Манчестер, Париз, Ајндховен, Мадрид, Севилја и Волфсбург, а сите почнуваат во 20:45 часот.
Реал ја освои групата, а следен зад него е ПСЖ, додека пак Шахтјор и Малме се борат за местото во Лигата на Европа. Двата тима се изедначени, но Украинците имаат подобар меѓусебен резултат. Шахтјор му гостува на ПСЖ, додека пак Малме  оди во Мадрид кај незаинтересираните „кралеви“.
Интересно е во групата Б во која на Волфсбург му е доволен само еден бод против Манчестер јунајтед, а може да продолжи понатаму и во случај на пораз, ако ПСВ не ја совлада ЦСКА. Јунајтед продолжува понатаму ако извојува победа во Германија, а доволен ќе му биде и бод во случај Холанѓаните да не ги совладаат Русите.
ПСВ мора да победи и да се надева на неуспех на Јунајтед, а во случај на пораз на „црвените ѓаволи“ доволен му е и еден бод против„армејците“. ЦСКА испаѓа од Лигата на шампионите но победата во Ајндховен ги води во Лигата на Европа.

Најнови вести