Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2015

Луис ван Хал: Судиите се виновни за елиминацијата

Менаџерот на Манчестер јунјтед, Луис ван Хал, ги обвини судиите за испаѓањето на неговата екипа од Лигата на шампионите.

Јунајтед вчера беше поразен од Волфсбург во Германија со 3-2, заврши на третото место во групата Б и ќе игра во нокаут фазата во Лигата на Европа.
„Ова беше луд натпревар. Постигнавме гол, а по две минути постигнаа и тие. Голот за победа го постигнаа само две минути по нашето изедначување“, изјави Холанѓанецот а потоа додаде:
„Може да се каже дека бевме фаворити, но ова беше неизвесна група. Се сеќавате како првиот натпревар против ПСВ го одлучи судијата, исто како и денес. Кога групата е изедначена вакви работи се случуваат“.
Тој додаде дека голот на Џеси Лингард не требало да биде поништен.
„Мата не му пречеше на голманот. Разочаран сум, а исто така и играчите се разочарани. Во ова натпреварување сакавме да покажеме квалитет, но повеќе не ќе можеме“ , заврши Холанѓанецот.

Најнови вести