Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2015

Марез: Лестер не може да ја освои Премиер лигата

Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез, истакна дека нема да го напушти Лестер во јануарскиот преоден рок иако за него се заинтересирани клубовите како Арсенал, Барселона, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Репрезентативецот на Алжир стана еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата оваа сезона со постигнати 11 голови и седум асистенции на 15 натпревари.
„За мене би било најдобро да останам во Лестер до крајот на сезонава“, изјави Марез во разговорот со француските медиуми и додаде:
„Играв за Ле Авр, но никој не ме сакаше. Лестер многу се намачи да ме добие, почувствував дека искрено ме сакаат, го прифатив трансферот иако на ја познавав ни културата ни опкружувањето. Беше тоа голем ризик. Кога ќе дојдете од далеку и ќе завршите во Премиер лигата морате да бидете среќни“.
Лестер во моментов е прв на табелата но Марез е сигурен дека неговиот тим нема да ја освои Премиер лигата.
„Нема да ја освоиме Премиер лигата. Нема шанси. Мислам дека не сме во состојба да ја завршиме успешно сезонава“, заклучи Алжирецот.

Најнови вести