Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2015

Томиќ на клупата на Партизан

Фудбалскиот клуб Партизан го именуваше Иван Томиќ за нов тренер и тој на оваа функција ќе го замени Љубинко Друловиќ.

Томиќ е третиот тренер на „црно-белите“ од почетокот на сезоната, откако Зоран Милинковиќ ја започна сезоната на клупата на тимот, за подоцна кон средината на октомври тој да биде заменет, а Друловиќ беше доведен на негово место.
Бидејќи доаѓањето на Друловиќ не ги донесе посакуваните реакции на теренот, а следуваше и елиминација од Лигата на Европа, доаѓањето на Томиќ веќе некое време беше извесно.
Друловиќ имаше договор со Партизан до крајот на сезоната, но по оставката на целата управа и беше јасно дека и тој ќе замине во пакет. Во понеделникот шампионот на Србија доби привремена управа, а на чело на Управниот одбор во техничкиот мандат се најде Иван Ќурковиќ и првата одлука која тој ја донесе беше именувањето на Томиќ.
Томиќ последните месеци го водеше Телеоптик, а во Партизан од 2007 до 2009 година имаше функција на спортски директор.
Како играч, Томиќ во два наврати ги бранеше боите на Партизан, од 1993 до 1998, а потоа и од 2004 до 2007 година. Играше за Рома, Алавес, Рајо Валјекано, а година дена беше селектор на репрезентацијата на Србија за фудбалери до 19 години.

Најнови вести