Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2015

Сисоко се враќа во Астон вила

Управата на Астон вила одлучи да го врати левиот бек Али Сисоко кој игра како позајмен играч во Порто.

Новиот тренер Реми Гард смета дека им е потребен, а покрај тоа Французинот и не играше многу во Порто бидејќи се појави само на два натпревари.
Али Сисоко играше за Лион и Валенсија, а познат е и по тоа што своевремено му пропадна трансферот во Милан поради проблем со расипаните заби.
Во овој момент вредноста на 28 годишниот фудбалер на трансфер пазарот е околу три милиони евра.

Најнови вести