Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2015

Поранешен играч на Барселона на клупата на Салцбург

Поранешниот играч на Барселона, Оскар Гарсија, е новиот тренер на Салцбург, соопшти австрискиот клуб.

Оскар на тоа место го заменува Томас Леч, кој го водеше Салцбург како привремен тренер на два натпревари, веднаш штом беше отпуштен Петер Зидлер.
Деталите од договорот не се прецизирани, а Салцбург игра многу лошо оваа сезона, но и покрај тоа е лидер на табелата на австриското првенство по 20 кола со 37 бодови, два повеќе од Австрија, а три повеќе од Рапид Виена.
Оскар беше тренер во младите категории на Барселона 2010-тата година, а последен пат работеше како тренер во 2014-тата година во Ватфорд, кој го напушти неколку седмици подоцна поради здравствени проблеми.
Тој во Барселона беше од 1993 до 1999 година, а во текот на фудбалската кариера настапуваше за Албасете, Валенсија, Еспањол и Леида.

Најнови вести