Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2016

ФИФА тимот на годината без Суарес

ФИФА го одбра најдобриот тим во 2015 година, а во него го нема одличниот напаѓач на Барселона, Луис Суарес.

Иако со Лионел Меси и Нејмар да Силва постигна повеќе од 100 голови, Уругваецот не доби место меѓу идеалните 11.
На негово место, друштво на Меси и Нејмар во нападот на најдобриот тим на годината им прави Кристијано Роналдо.
Најдобриот голман повторно е Мануел Нојер, четврта година по ред, Бразил има четворица претставници, а помалку неочекувано местото во средниот ред го доби хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ.
Тимот на годината: Мануел Нојер - Тијаго Силва, Марсело, Серхио Рамос, Дани Алвеш - Андрес Иниеста, Лука Модриќ, Пол Погба – Лионел Меси, Нејмар да Силва, Кристијано Роналдо.

Најнови вести