Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2016

Душко Вујошевиќ е нов тренер на Лимож

Поранешниот тренер на Партизан Душко Вујошевиќ е новиот тренер на францускиот Лимож.

На 56-годишниот стручњак ова ќе му биде прв ангажман по Партизан кога на 8 септември новиот Управен одбор одлучи да не му го продолжи договорот.
Тој во четири наврати ги предводеше „црно-белите“ со кои освои девет шампионски титули во Србија по ред, три трофеи во Купот од вкупно пет и четири во АБА лигата со што стана најуспешниот тренер во историјата на Партизан.
Вујошевиќ во новиот тим ќе соработува со својот некогашен плејмејкер Лео Вастерман и Лестер Бо Мекејлеб. Лимож минатата седмица се раздели од тренерот Филип Ерве, под чие водство минатата година ја освои 11-тата титула како првак на Франција.
Тимот по излегувањето од Евролигата се натпреварува во последната фаза на Еврокупот, каде по поразот од ПАОК во вторникот има резултат од 0-2, додека во домашното првенство има скор 8-8 и се наоѓа на средината на табелата.

Најнови вести