Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2016

Волфсбург шест седмици без Дост

Напаѓачот на Волфсбург Бас Дост ќе отсуствува од теренот шест седмици поради повреда на стапалото, соопшти клубот од Бундеслигата.

Дост ја скрши коската на стапалото на тренингот во текот на подготовките во Поругалија додека се борел за топката со својот соиграч Данте.
Клубот наведе дека Дост веројатно ќе мора да замине на операција.
Дост по првиот дел од сезоната во Бундеслигата е прв стрелец на екипата со седум постигнати голови.
Директорот на Волфсбург Клаус Алофс изјави дека по повредата на Дост клубот ќе ги разгледа опциите за можните засилувања.
Волфсбург по 17 одиграни кола се наоѓа на седмото место на табелата со 26 бодови, а се избори за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите каде го чека дуелот против Гент.

Најнови вести