Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2016

По Барселона, Реал и Атлетико добија суспензија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги казни мадридските клубови Реал и Атлетико со забрана за трансфери во следните два преодни рока.

Мадридските гиганти се суспендирани поради кршење на правилата при регистрирањето на малолетни фудбалери.
Како што се наведува во соопштението, забраната не се однесува на актуелниот преоден рок, што значи дека Реал и Атлетико можат да доведат нови играчи до 31-ви јануари.
Воедно, Атлетико е казнет со парична казна од 900.000, а Реал со 360.000 франци.
„Двата клуба се прогласени за виновни, бидејќи прекршија неколку одредби кои се однесуваат на меѓународните трансфери и првата регистрација на малолетни играчи, како и  другите одредби во врска со регистрацијата и учеството на одредени играчи во натпреварите“, се наведува во соопштението.
Со истрагата се опфатени и малолетници кои настапуваа на натпреварите за Атлетико од 2007 до 2014 година и за Реал од 2005 и 2014 година.
Казната која ја добија Реал и Атлетико е идентична на казната која Барселона ја имаше во двата претходни преодни рокови.
ФИФА во соопштението наведе дека напорно работи на заштитата на правата на малолетните играчи, машки и женски, аматерски и професионални.

Најнови вести